Вести Македонија Топ вести

Илиевски од директор на ЗОО седнува во првата фотелја во „Водовод и Канализација“ – Арсовска со нови разрешувања на директори

Од Град Скопје информираат за новите смени на директори. Разрешен е в.д. директорот на  ЈП „Водовод и Канализација“, Марјанчо Митовски, и на негово место доаѓа Драган Илиевски, кој досега беше директор на Зоолошката градина во Скопје. Според Градот, Драган Илиевски е машински инженер со повеќе од 20 години работно искуство, додека досегашниот директор Митровски, кој на позицијата беше назначен од редот на вработените продолжува со ангажман како секторски директор на претпријатието.

Нов директор на Зоолошката градина е Зоран Попов, кој доаѓа од редот на вработените и е економист исто така со 20 години работно искуство, а во МКЦ ќе биде назначен нов директор по евалуацијата на биографиите за позицијата.

Косана Мазнева назначена е со нов мандат и продолжува да ја извршува функцијата директор на јавното претпријатие Комунална Хигиена.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе