Вести Македонија

Изминатото деноноќие тројца каснати од кучиња-скитници само во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден три лица биле каснати од кучиња. Станува збор за лица на возраст меѓу 35 и 55 години, а во Струга настрадал малолетник.

Најпрво во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, В.М.(55) од Скопје пријавил дека во населбата Радишани бил каснат од куче скитник.

 

Потоа во 16.00 часот во Полициската станица Карпош, Б.А.(44) од Скопје пријавил дека на бул.„Никола Карев“ бил каснат од куче скитник.

 

Последниот случај е пријавен во 18.50 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Ѓ.(35) од Скопје пријавила дека во с.Долно Лисиче била касната од куче скитник.

На 16.01.2022 година во 15.30 часот, А.Б.(35) од струшкото село Боровец, во ОВР Струга пријави дека на улицата „Маршал Тито“ во Струга, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Во полицискиот билтен и викендот имаше извештај дека граѓани во Скопје, Куманово и Кичево се нападнати од кучиња- скитници.

Од возразни до деца- шестмина каснати од кучиња – скитници за само едно деноноќие во Скопје

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе