Вести Македонија

Силен земјотрес во Албанија, се почувствува и во Македонија, најмногу во Дебарско

Силен земјотрес од 4,7 степени по Рихтеровата скала е регистриран во Албанија со епицентар 23 километри североисточно од Тирана.

Многу жители од Албанија, но и од западните делови на Македонија споделија искуство со земјотресот на веб страницата esmc. Според нивните сведочења, земјотресот бил силен со кратко растресување од неколку секунди.

Епицентарот на земјотресот е на 130 киломтери југозападно од Скопје. Во Македонија најсилно се осетил во дебарско и во охридско-струшкиот регион, а е почувствуван како помал потрес и во повисоките спратови на зградите во Скопје.

На истата локација имаше земјотрес, но со помал интензитет и вчера, а во текот на денот пред и после силниот земјотрес регистрирани се уште десетина помали потреси. Најсилниот земјотрес беше вечерва во 22:37 часот според веб сајтот emsc.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе