Командидот на смена и четворицата полицајци, на кои синоќа им избега затвореникот Беким Мемети, се суспендирани, потврдија од Управата за извршување на санкции. Одлуката за суспендирањето на затворските полицајци и командирот е донесена по спроведениот вонреден надзор.
Крими-драмата започнала откако осудениот Мемети во затворот се пожалил на болки во десната рака, за потоа со комбе да го носат на лекарски третман, на Клинички во Скопје. Неколку минути подоцна, на вклучувањето на автопатот кај Идризово, сиво „АУДИ“ без регистарски ознаки се испречило на патот пред комбето на затворската полиција а Мемети го одзел пиштолот на полицаецот возач, го ранил во стомакот и влегол ауди кое го чекало.