Вести Македонија

Не е соодветно менаџерите на продукција да добијат статус на самостојни уметници зашто се техничка логистика, реагираат филмските работници

Незаслужено е струка која е техничка логистика при снимање филм да добие статус на самостоен уметник, а него да не го добијат струки кои се креативни и чија работа влегува во уметничкото творештво. Вака реагираат филмските работници во врска со измените на Правилникот за конкусот што го спроведе Министерството за култура, за стекнување статус самостоен уметник, на кој државата ќе му плаќа  продонеси месечно и данок на личен доход, а со кои менаџерите на продукција ќе можат да аплициираат зашто стануваат директори на продукција.

Горан Игњатовски 23 години работи како дизајнер на фимска маска. Единствен во земјава е со диплома од Велика Британија и работел на успешни филмови и серии во регионот, Европа и во Македонија. Но, министерството не го вреднува како струка која може да добие статус на самостоен уметник.

Мојата категорија не е признаена воопшто. Јас минатата година аплицирав на конкурсот на Министерството за култура . Бев одбиен со образложение дека таа категорија не постои. Директори на продукција реално е многу понезаслужена категорија меѓу самостојните уметници за разлика од дизајнерот на филмската маска, вели Горан Игњатовски, дизајнер на фимска маска.

Несоодветни се измените во Правилникот, реагираат и од и Друштвото на филмски работници.

Ние како ДФР ги застапуваме правата на сите филмски работници и се залагаме за еднаквост, така што ставот на Друштвото е дека поместувањето на оваа категорија менаџери на продукција во редот на уметниците е несоодветна.Едноставно во тој случај би морал да биде уметник и менаџерот на локација. Зошто не би бил уметник реквизитерот или мајсторот на светло? изјави Игор Иванов- Изи, претседател на ДФРМ.

Според Иванов, ваков преседан бил направен пред 20 години за да му се помогне на еден колега, а потоа правилото било укинато и сега одново се враќа.А, од Министерството за култура велат дека директорите на продукција биле внесени во Правилникот за самостојни уметници од 2000  до 2021 година, а еден од тие примери бил и починатиот Горјан Тозија. Министерството за култура оцени дека оваа група професионалци е потребно како до 2021 година да продолжат да бидат дел од категоријата самостојни уметници, се вели во соопштението од ресорот Култура.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Можни високи казни по Парада на гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

16 хорски состави се претставија на овогодинешниот 34-ти по ред фестивал Тетовски хорски одѕиви

Дејан Дејан

Екологисти од цела држава протестираа против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе