Вести Македонија

Државата ќе бара помош од Брисел за изградба на стационар за бездомни кучиња преку ИПАРД програмите

Премиерот Димитар Ковачевски, во врска со проблемот со кучињата-скитници, рече дека и покрај тоа што станува збор за ингеренција на локалните власти, Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар кој ќе биде дом за тие кучиња.

Потенцирајќи дека тоа е исклучителна надлежност на општините, прeтседателот на Владата посочи дека не станува збор за тоа дали градоначалниците имаат моќ или не, туку за тоа дали имаат фокус, посветеност и волја да се справат со проблемите.

„При наредната посета на Брисел, со соодветните сектори ќе разговараме за одредена соработка преку ИПАРД програмите, доколку може да се направи некој модел на одреден стационар што ќе може да биде некаков државен проек, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем. Бидејќи се работи за навистина голем проблем, а гледам дека градоначалниците воопшто не се занимаваат со него“, нагласи Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе