Вести Македонија

Од возрасни до деца- шестмина каснати од кучиња – скитници за само едно деноноќие во Скопје

Полицискиот билтен полн со пријави за граѓани каснати од кучиња. Само во Скопје за едно деноноќие се случиле шест вакви инциденти.

Вчера во Полициската станица Аеродром В.К.(71) пријавил дека на улицата Бојмија бил каснат од куче скитник. Во истата станица се пријавени уште две каснувања од куче скитник – Д.З.(62) пријавил напад на булеварот Јане Сандански, а А.М.(46) пријавил каснување на Тодор Чангов.

Во Полициската станица Карпош, пак, Н.Н.(43) од Скопје пријавила дека на улицата Теодосиј Синаитски нејзиниот малолетен син бил каснат од куче. Во оваа станица инцидент на улицата Иван Цанкар пријавила В.И.(76) од Скопје.

Инцидент се случил и во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Во Полициската станица Центар, Ф.Р.(32) од Скопје пријавила дека во била касната од куче скитник.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе