Вести Свет

Лидерите на ЕУ ја прифатија препораката на европскиот Совет: Потврден кандидатскиот статус на БиХ

Членовите на Европскиот совет ја потврдија препораката на министрите за европски работи и БиХ и официјално доби статус на земја кандидат за членство во Европската унија (ЕУ).

Приклучувањето кон политичката и економската заедница на европски држави, покрај членство во НАТО, се сметаат за едни од најважните политички цели на БиХ. Европската унија ја препозна БиХ како потенцијален кандидат уште од одлуката на Европскиот совет и седницата одржана во Солун во 2003 година.

Своето официјално барање за членство во ЕУ, БиХ го поднесе во февруари во 2016 година, но пред властите и натаму е барањето за имплементација на 14 приоритети меѓу кои се – да се осигура дека изборите ќе се спроведуваат во рамки на европските стандарди, обезбедување на резултати во работата на сите нивоа на Механизмот на координација и подобрување на институционалната рамка, вклучувајќи и уставни реформи.

Тука се и услови за унапредување на функционирањето на правосудството, засилување на борбата против корупцијата и организираниот криминал и воспоставување на ефикасни координации во управување со границите, засилување на заштитата на човековите права, гарантирање на слободата на изразување на медиумите, како и осигурување на завршеток на реформите во јавната администрација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кинескиот извоз на автомобили продолжува да расте

Дејан Дејан

Индија ги повлече своите војници од Малдивите

Дејан Дејан

Земјотрес со јачина од 5,8 степени во Тајван

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе