Вести Македонија Топ вести

Изградбата на нов Клинички и можните решенија следната недела на тематска владина седница

Изградбата на нов Клинички центар следната недела ќе биде тема на која ќе се посвети цела една владина седница. За ова информира министерот за здравство кој сѐ уште нема одговори на многу прашања поврзани со најавениот нов, модерен и мултифункционален објект. Здравствените власти ќе бараат овластување од Владата за да продолжат со процесот, кој никако да мрдне од мртва точка.

„Во Владата ќе имаме тематска седница, на којашто сите овие анализи кои што се направени околу новиот Клинички центар, проблемите со Клиничката болница во Штип и рационализација односно консолидација на здравствени установи во Македонија ќе бидат презентирани пред Владата. А, потоа очекувам Владата да даде овластување на Министерството да продолжи во втората етапа, во делот на финансирање и организирање на сето ова што ние сме го сработиле“, вели министерот за здравство, Беким Сали.

Најпрво мора да се разреши спорот со италијанската проектантска фирма. Тие бараат отштета од осум и пол милиони евра, износ за кој адвокатите ангажирани од МЗ се обидуваат да издејствуваат значително да се намали. Здравствените власти уште во октомври месец информираа дека се разгледуваат можностите како да се надмине спорот и да не се платат пенали во толкав износ или барем да се намали сумата со тоа што би се избегнало плаќање на заостаната камата. Одговорите сѐ уште се чекаат.

„Контактирана е адвокатската канцеларија во Италија, сѐ уште немаме повратен одговор од таму“, додава Сали.

Според министерот, веќе постои некакво првично решение за новиот објект кој засега е само проекција. Откако ќе се презентира пред Владата, ќе се презентира и во јавноста. Во меѓувреме, имаше и бројни критики до властите, за хонорарци ангажирани околу правење анализи и пресметки за изградба на нов Клинички центар, кои со години добиваат средства за таков ангажман. Од Здравство велат – потребни се и тие во процесот на планирање на проектот и анализи за исплатливост на инвестициите. Новиот Клинички центар би бил најкрупен проект и најголема инвестиција во здравството – најавувана долго. Идејата остана иста, само се сменија министри во фотелјата низ годините.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе