Вести Македонија

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Пред 21 часот избувнал нов пожар во околината на Скопје. Пожарот е во близина на Смилковци и односно кај Смилковското езеро во близина на скопската обиколница.

Пожарот почнал во близина на езерските трски, до трафостаницата која се наоѓа во близина на езерото.

Очвидец пријавил на полицијата дека видел човек како го потпалува пожарот, па полицијата ги проверува неговите наводи, ни изјави телефонски директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

На терен се екипи на противпожарната бригада на Скопје, ДЗС и полиција. Крак од пожарот се движи кон нивите во правец на Железара.

Видео од големиот пожар објави и Бобан Стефковски, градоначалник на општина Газибаба, со тврдење дека е подметнат и најави можен прекин на електрична енергија. Тој објави и дека сообраќајот на скопската обиколница е во прекин.

-ОВА Е ГЕНОЦИД‼️ Вечерва на повеќе локации е подметнат пожар на Смилковско езеро❗️ Сообраќајот од обиколницата е во прекин! Екипите со кризниот штаб се на терен! Се очекува да има прекин и на електричната енергија‼️, извести преку ФБ, Стефковски.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе