Вести Свет

Трамп со жестока критика на Путин и продолжување на помошта за Украина – Москва одговори со досега најжестоките напади

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека неговата држава била погодена од досега најмасовниот воздушен напад од Русија – 728 дронови и 13 крстосувачки или балистички проектили погодиле градови ширум државата во повеќе бранови.

Зеленски го осуди нападот, додавајќи: „Ова се случува во момент кога спроведуваме многу напори да постигнеме мир и прекин на огнот а Русија продолжува постојано ги отфрла“.

Нападите во текот на минатата ноќ се случија откако Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе испратат оружје за властите во Киев, промена на минатонеделната суспензија на помошта за Украина, за која американските медиуми тврдат дека Трамп не бил информиран.

Иако во минатото често пати потенцираше колку има добар однос со шефот на руската држава, Трамп сега не бираше зборови да опише колку е незадоволен од неговото однесување.

„Сакаме да испратиме оружје за одбрана затоа што Путин не ги третира човечките суштества на правилен начин, убива премногу луѓе. Затоа ќе испратиме некои одбранбени оружја за Украина и јас го одобрив тоа. И како да ви кажам:Путин ни кажува многу с..ње! Ако баш сакате да знаете… Тој беше многу фин цело време, но сега излезе дека сето тоа било бесмислено“ – изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе