Вести Култура

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Во книжарницата ИЛИ-ИЛИ, утревечер (10 јули) со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Од личност до маска-за новата нормалност“, прва книга на Влатко Деловски која ќе биде пропратена со настап на „Второ колено“.

На оваа неовообичаена промоција, ќе зборува  проф. д-р Дејан Донев, а љубителите на книгата ќе уживаат и во свежите музички креации на “captatio benevolentiae” со “Второ  колено”– Дејан Петровиќ (Чапс) вокал и гитара  и Пеце Трајковски (Брада) на перкусии и хармоника.

Авторот ги поканува, како што вели љубителите на философија, есеистика, личности и маски, на спонтано дружење „после горештините“ да ја претстави својата непретенциозна книга и да уживаат заедно во убавата мисла.

Влатко Деловски е роден во Битола, а потекнува од моштенскиот ареал на Пелагонија. Од Градежен факултет заминал да студира на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ каде дипломирал, подоцна магистрира на Институтот за македонска литература во Скопје на тема: „Културолошки параметри во првата канонизација на светители за МПЦ-ОА“. Во моментов е на докторски студии на ИМЛ при УКИМ. Директор е на НУМ Смилевски конгрес – Смилево. Но, работи и како консултант – надворешен научен соработник при Бигорскиот манастир „Св.Јован Крстител“. Влатко е реализиран човек во рамки на заедницата, сопруг, татко на две деца, активен качувач на карпи и планинар, велосипедист и сл.

„Второ колено“ се всушност скратена формација од „Трето колено“, музичко трио кое недомана ја претстави својата авторска музика а во полн состав членуваат Дејан Петровиќ – Чапе: вокал и гитара, Дејан Марковски – Деки: вокал и гитара, Пеце Трајковски – Брада: перкусии и хармоника.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП го усвои Извештајот за Македонија на Томас Вајц

Дејан Дејан

Изгаснат пожарот во Чучер-Сандево, се гасат уште седум други

Дејан Дејан

Европската комисија подготвена за сите сценарија околу американските царини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе