Ракометниот клуб Вардар се засили со уште двајца странски ракометари за новата сезона. Во редовите на „црвено-црните“ доаѓаат Јапонец и Аргентинец.
Харуки Кавада од Јапонија и Николас Боно од Аргентина се нови играчи на Вардар. Двајцата играат на централната бековска позиција, каде „црвено-црните“ летово веќе се засилија со Словенецот, Јака Малуш, а тука е и Марио Танкоски.
Кавада е 19-годишен младински репрезентативец на Јапонија, додека Боно, кој има 27 години доаѓа од редовите на францискиот тим Истр. Тој е стандарден репрезентативец на Аргентина и има настапувано на Олимписки игри минатата година, како и на Светското првенство оваа 2025 година.
Новиот тренер Иван Чупиќ во претстојната сезона на располагање ќе има речиси комплено нов тим, бидејќи Вардар претходно се засили и со Мамаду Кеита, Филип Талески, Урош Митровиќ, Кристијан Анастасовски, потоа полските интернационалци Виктор Јанковски, голманот Милош Валац и Марек Марчињак.