Иран склучил договор со Кина за набавка на нови системи за воздушна одбрана, откако руските „С-300“ се покажале како неефикасни за време на 12-дневната војна со Израел, објавија локални медиуми.
Според разузнавачки извори, плаќањето е извршено со нафта, а префрлањето на системите следело по прекинот на огнот на 24 јуни.
Засега не е прецизирано кои модели ги добил Иран. За време на конфликтот, израелските авиони ги нападнаа иранските нуклеарни објекти без да бидат пресретнати, поради што само една од базите со С-300 функционирала, додека другите биле онеспособени со кибер напади.
Ова доведе до 30% загуби во иранските воздухопловни сили, според иранската агенција Тасним.
Освен новите кинески ракети, Иран наводно се откажал и од купување руски борбени авиони, избирајќи кинески ловци.
Новите набавки укажуваат на обид за брза модернизација на иранската одбрана по сериозните загуби.