Од ЦУК за Телма велат дека гори отпад во близина на депонијата Визбегово. „Во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, избувнал пожар кој се шири и претставува ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи“, соопштија од ЦУК.
Како што дознава Телма пожарот настанал на отпадот за старо железо на ул.Б.Буна во Скопје, каде е регистрирана фирма со назив АСД Метал Груп.
Според првичните информации пожарот настанал во круг на приватна фирма која собира секаков вид на отпат.
Екипа на Телма е на терен следуваат повеќе информации
ЦУК: 31 пожар пријавен до 7 часот, активни се седум низ земјава- започна 30-дневната кризна состојба