Вести Македонија Најважни

ЕП го усвои Извештајот за Македонија на Томас Вајц

Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за нашата држава за 2023 и 2024 година.

Тој во своето обраќање нагласи дека извештајот претставува важен чекор на европскиот пат на земјата и изрази надеж дека ќе добие широка поддршка од европратениците.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ја истакна историската можност пред Владата во Скопје, нагласувајќи дека единствениот начин за отворање на кластерот „Основни вредности“ е усвојувањето на уставните амандмани.

Таа порача дека извештајот испраќа јасна порака на поддршка од ЕУ, но и ја нотира потребата од реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Во извештајот се оценува дека земјата е долго време на патот кон членство во ЕУ, но дека пречките поврзани со историјата и добрососедските односи ја забавиле интеграцијата.

Вајц посочи дека, и покрај напредокот, пристапните преговори формално сè уште не се започнати, и повика на конструктивен и заеднички чекор напред.

Извештајот посочува и на предизвиците во борбата против корупцијата, како и на присуството на странско влијание во земјата.

Вајц нагласи дека извештајот треба да ја прикаже реалната слика каде се наоѓа Македонија на патот кон ЕУ, но и дека останува простор за напредок.

 На денешното гласање му претходеше синоќешната бурна расправа во ЕП кога здружено бугарските европратеници настапија против нашата држава, а грчката европратеничка Латинопулу истакна дека таа е „вистинска Македонка, а не лажна како тие од Скопје“.

Во пресрет на денешното гласање во Европскиот парламент за извештајот за напредокот на Македонија, бугарските европратеници побараа бришење или измена на формулациите за македонскиот јазик и идентитет.

Поддржани од дел од грчките колеги, тие сметаат дека овие термини не припаѓаат во официјален документ за европски интеграции.

Сепак, највпечатливиот момент од дебатата беше говорот на словенечката европратеничка Ирена Јовева.

Таа, од говорницата на Европскиот парламент, директно им се обрати на бугарските колеги на македонски јазик. Таа ги нарече нивните барања „ирационални и неевропски“.

 

(видео)„На македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но вас за да го признаете тоа Ви треба чесност и интегритет“, рече словенечката европратеничка Ирена Јовева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Маж пронајден починат во близина на пожар во с. Лозаново

Дејан Дејан

Доктор Чибишев со совет: Барем маски да користат оние кои учествуваат во гаснење на пожарите, мокрите крпи не помагаат

Дејан Дејан

Не е време за чекање или размислување, излезете и помогнете – Општина Крива Паланка со апел до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе