Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија во чија конечна верзија не се споменуваат македонскиот идентитет и јазик, но ги нема ниту амандманите на бугарските и грчките европратеници со кои се задираше директно во македонскиот идентитет, јазик, историја, територија.
Во писмена изјава по усвојувањето на Извештајот, известувачот за земјава кој го изготви документот, европратеникот, Томас Вајц, наведува дека Македонија е лидер во регионот, која покажува вистинска посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на името и смели реформи.
„Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната фрустрација и разочарување од ЕУ. Извештајот нагласува дека проширувањето треба да биде процес базиран на заслуги, врз основа на Копенхашките критериуми и ја повикува Северна Македонија да ги спроведе потребните реформи“, е ставот на Вајц,.
Тој притоа ги повика сите политички партии во земјава да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне потребниот консензус, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на земјата и би го забрзало напредокот во ЕУ.
„Како известувач, неуморно работев за добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот напредок на оваа земја. За жал, некои бугарски европратеници го искористија извештајот за домашни цели“, со овие зборови за заврши Вајц својата изјава.
А од бугарските европратеници можеше да се слушне од повици за исполнување на уставните измени, до уверување дека надвор од Преговарачката рамка нема да има други барања, па се до крајно националиситички тврдења.
„Во Бугарија и во Македонија има само еден народ кој зборува еден јазик – бугарски. Повеќе од 12 проценти од популацијата во Северна Македонија ги докажало своите бугарски корени и тие побарале бугарско државјанство. Бројот на тие луѓе расте и ние сме еден народ“, вели Станислав Стојанов, бугарски европратеник
Дел од европратениците од другите европски држави имаа и свое гледање на бугарските ставови.
„Сакам да ги осудам обидите за понижување на македонската нација. Извинете колеги но кога велите дека Македонија е грчка, Македонија е бугарска, се друго е некредибилно за мене и за многу други колеги. Сакам да ве предупредам сите за ерупција на национализам и злупотреба на пристапниот процес“, порача Бранислав Ордуш, словачки европратеник.
Притоа тој ги потести бугарските европратеници дека величање на нацистички соработници треба да биде казнет од државните институции, а они екои именуваат клубови по нацистички соработниви треба да се во затвор.
Од говорницата во европскиот парламент можеше да се слушне и македонскиот јазик, од словенечката европратеничка, Ирена Јовева, со јасна порака до Европскиот парламент.
„За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола. Но на вас да го признаете тоа ви треба чесност, интегритет и храброст. знам“, порача Јовева во ЕП.
Пораката која стигна од Европската комисија, претставена од еврокомесарката за проширување Марта Кос, беше јасна – Македонија да ги исполни преземените обврски за отворање на преговорите.
„Сметам на поддршката на овој дом да остане ангажиран. Македонија припаѓа во Европската унија“, рече Кос од говорницата.
Извештајот кој беше усвоен со 461 глас „за“ и 121 „против“ и 107 „воздржани“ меѓу другото ги содржи амндманите со кои се изразува загриженоста за влијанието на дезинфромациите и хибридните закани земјата и нивнотот влијание врз тековите во земјата, а кои доаѓаат од Кина и Русија, но и загриженост на за улогата на унгарската и српската влада во исполнување на геополитичките цели на Русија и Кина, посочувајќи го притоа конкретно кредитот од Унгарија, кој, како што стои во Извештајот.
Тамара Грнчаровска