Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша обемниот даночен и буџетски закон, кој беше тесно изгласан во Конгресот.
Законот вклучува продолжување на даночните намалувања од 2017 година, зголемени трошоци за војската за 150 милијарди долари и дополнителни 100 милијарди за имиграциските служби.
Истовремено, предвидени се кратења кај здравствената програма „Медикејд“ и субвенциите за храна, што би можело да ги погоди милиони граѓани со ниски примања.
Иако администрацијата на Трамп тврди дека овие мерки ќе го поттикнат економскиот раст, опозицијата и дел од експертите предупредуваат дека тие ќе го зголемат буџетскиот дефицит и ќе ги продлабочат социјалните разлики.
Според проценките на Конгресното буџетско биро, околу 12 милиони Американци би можеле да останат без здравствено осигурување, додека над 40 милиони луѓе кои добиваат помош за храна ќе се соочат со намалена поддршка.
Законот предизвика остри реакции и во редовите на Републиканската партија, а само двајца пратеници гласаа против.
Демократите го нарекоа „напад врз сиромашните“, додека Трамп, во говор по потпишувањето, изјави дека ова е „најголемата победа за Америка пред роденденот на нацијата“.
Анкетите покажуваат дека јавната поддршка за законот е ниска, особено поради неговото влијание врз социјалните програми.