Обвинителството најави жалба откако скопскиот кривичен суд му определи 30-дневн домашен притвор на мотоциклист кој го прегази Југослав Николовски на скопскиот кеј и наместо да му помогне, избега. Пешакот,неколку часа по несреќата, почина.
Успеа да избега еднаш од место каде крварел и умирал човек кого го удрил со мотор на пешачка патека возејќи без дозвола, но откако полицијата го фати насилниот возач кој го усмрти Југослав Николовски на кејот зад влада- мотоциклистот е пуштен во домашен притвор од страна на скопскиот кривичен суд.
Обвинителството смета дека мотоциклистот може да избега и бараше ефективен затворски притвор, па најавија жалба против судската одлука на Кривичниот за куќен притвор на мотоциклистот.
Мотоциклистот го има со две пресуди во судско-обвинителските архиви, еднаш како малолетник бил осуден за насилство, вторпат за кршење на здравствени прописи во време на КОВИД пандемијата.
Но, сега брутално прегази скопјанец пред неговиот дом. МВР одговори дека не е точно дека бил бркан од полиција туку трагедијата ја предизвикал со брзо возење по кејот со мотор кавасаки на кој немало регистрација.
Од почетокот на годината досега, во Македонија во сообраќај загинаа 9 пешаци. Најмногу, 6-мина од загинатите беа на возраст над 65 години.