Вести Македонија

По половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ се бележи зголемено чекање за излез од државата, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во пладневниот извештај.

На „Богородица“ се чека од 20 до 30 минути, додека на „Табановце“ времето на чекање се движи од половина час до 40 минути.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај е зголемен, особено надвор од градските средини.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците каде што постои опасност од појава на одрони.

Најризични се делниците низ клисурите и речните долини, каде што се можни одрони, особено на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се наведува во соопштението на АМСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе