Вести Македонија

Ова не е „буцни прачка напиј се вино“ процес, Тошковски со народна поговорка за истрагите за чаирските дивоградби

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во одговор на прашање на Телма за истрагите за дивоградби особено за пријавата на скопската градоначалничка Данела Арсовска. посочи дека се постапува по насоки на обвинителството.

-Во однос на тоа дали има наредба од страна на јавен обвинител, да, има и постапуваме. Ве уверувам дека како за сите предмети за кои се постапувало под ова раководство, така и во иднина нема да оставиме под знак прашалник ниту еден конкретен предмет во интерес на јавноста. Во однос на сите ќе постапуваме така како што ѝ прилега на една европска земја. За разлика од тие претходно, не сме Европејци само декларативно, тоа го покажуваме со дела, одговори Тошковски на прес конференцијата по повод една година од преземањето на министерската позиција.

Тој рече дека не се завршени истрагите бидејќи станува збор за подолг истражен процес.

-Ќе има резултати. Не е тоа „бутни прачка- напиј се вино“ процес, одговори Тошковски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)


Според информации на Телма, од почетокот на годината досега СВР Скопје има поднесено 4 кривични пријави за дивоградби во главниот град, а повеќето се однесуваат на Чаир. Тие пријави се пред пријавите на Арсовска и не се однесуваат на исти објекти.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе