Вести Македонија

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, остро и саркастично ја критикуваше Владата поради најавите за нови демографски мерки, конкретно потенцирајќи ја идејата за воведување „данок на неженети“.

Во објава на својот Фејсбук профил, тој ја нарече ваквата идеја апсурдна и обвини дека наместо суштински решенија за младите, се нудат мерки кои личат на казнување на граѓаните по личен основ.

„Од патриотизам до апсурд – новата идеја: ДАНОК НА НЕЖЕНЕТИ! Бројот на ученици е намален за 17.000 – тоа е аларм за секоја нормална држава. Но, за патриотската влада – инспирација“, напиша Јакимовски.

Тој додаде и саркастичен список со предлози за други „даноци“, меѓу кои: данок на изгубени премиери, купени дипломи, партиски вработувања без знаење и фалсификувани сертификати.

Јакимовски ја спореди ситуацијата со отоманскиот систем на оданочување и заклучи дека Владата повеќе вложува во „даночна инспирација“ отколку во реална демографска стратегија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе