Спорт Фудбал

Фудбалот во солзи: Ливерпул и Португалија го испратија Диого Жота

Во тешка и тажна атмосфера, денес во црквата „Игреја Матриз де Гондомар“ во близина на Порто се одржа погребот на Диого Жота, ѕвездата на Ливерпул и португалската репрезентација. Илјадници луѓе, семејството, пријатели и бројни фудбалски легенди се собраа да му оддадат последна почит на португалскиот напаѓач.

Меѓу присутните беа неговата сопруга Руте Кардозо, нивните три деца, како и делегација на фудбалскиот клуб Ливерпул предводена од менаџерот Арне Слот и капитенот Вирџил ван Дајк. Од соиграчите тука беа и Ендрју Робертсон, Алексис Мак Алистер, како и поранешниот тимски колеги Џејмс Милнер и Џордан Хендерсон. Од португалската репрезентација присуствуваа селекторот Роберто Мартинез, Бернардо Силва, Рубен Дијаш и Бруно Фернандеш.

Ливерпул, во знак на почит и поддршка, целосно ќе го исплати остатокот од договорот на Жота на неговото семејство, а клубот ќе го пензионира неговиот дрес со број 20. На „Енфилд“ веќе е отворена книга на сочувство за навивачите.

Трагедијата се случи на 3 јули, кога Диого Жота (28) и неговиот помлад брат Андре Силва (25) загинаа во сообраќајна несреќа во близина на Чернадилја, Шпанија. Двајцата патувале со автомобил кон Ливерпул, каде Жота требаше да ги почне подготовките за новата сезона откако фудбалерот има мала хируршка интервенција и не смеел да лета по совет од докторите. Автомобилот „Ламборгини“ имал дефект на гумата по шти излетал од автопатот  и се запалил. Несреќата се случи само две недели по свадбата на фудбалерот.

Жота ќе остане запаметен како голем фудбалер, но уште поголем човек, посветен сопруг и татко.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе