Флуминенсе против Челси е првата полуфинална двојка на Светското клупско првенство во фудбал што се одржува во САД. Вечерва ќе биде познато и кои два тима ќе играат во второто полуфинале.
Флуминенсе продолжува со одличните игри на турнирот, а синоќа во Орландо го исфрли саудискиот тим Ал Хилал со 2-1. Мартинели им донесе водство на Бразилците во 40-тата минута со одличен погодок. Најдобриот стрелец на турнирот за Ал Хилал, Маркос Леонардо стрелаше за 1-1 во 51-та минута. Победата на Флуминенсе му ја донесе Херкулес во 70-тата минута од дуелот.
Челси славеше во четвртфиналето со идентичен резултат против Флуминенсе и спречи бразилско полуфинале. Кол Палмер со одличен гол во 16-тата минута ја најави победата на премиерлигашот. Во второто полувреме Палмеирас тргна поофанзивно и дојде до израмнување во 53-тата минута и тоа преку младиот Естевао, кој летово ќе се пресели токму во Челси. Агустин Гиај си постигна автогол во 83-тата минута по една исто така лоша реакција на голманот Вевертон.
Полуфиналниот дуел помеѓу Челси и Флуминенсе се игра во вторник со почеток од 21 часот Њу Џерси.
СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО
(ЧЕТВРТФИНАЛЕ)
ПСЖ – БАЕРН МИНХЕН (18 ЧАСОТ)
РЕАЛ МАДРИД – БОРУСИЈА (22 ЧАСОТ)