Анж Јоан Бони е нов фудбалер на Интер. Младиот француски репрезентативец доаѓа од Парма за обештетување од 23 милиони евра. Изминатата сезона во Серија А на 37 натпревари постигна шест голови.
Со доаѓањето на 21-годишниот голгетер, се очекува од таборот на „нераѕурите“ да си замине еден од актуелните напаѓачи. Шпекулациите се дека Меди Тареми е на излезни врати од „Џузепе Меаца“.
Бони е третото летно засилување за Интер по Петар Сучиќ од Динамо и Луис Енрике од Олимпик Марсеј.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.