Најмалку 24 лица загинаа, а десетици сè уште се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што ја зафатија областа Кер Каунти во американската сојузна држава Тексас. Најтешко погоден е летен камп за девојчиња кое се наоѓало на брегот на реката Гвадалупе. Се стравува за судбината на уште околу 20 деца кои се водат како исчезнати.
Спасувачките тимови со хеликоптери, дронови и чамци работат во потрага по преживеани.
Всушност, повеќето од нив не знаеме кои се. Мора да им земеме отпечатоци од прсти во погребалниот дом. А еден од нив беше целосно гол и воопшто немаше никакви лични документи со себе. Затоа се обидуваме да го дознаеме идентитетот на овие луѓе, но сè уште го немаме, изјави Роб Кели, судија во округот Кер.
Локалните власти велат дека реката се издигнала за дури 8 метри во само 45 минути – уништувајќи куќи, камп-приколки и инфраструктура.
Американскиот претседател Доналд Трамп трагедијата ја нарече „ужасна“ и „шокантна“, а гувернерот на Тексас, Грег Абот, најави дека спасувачките операции ќе продолжат и во текот на ноќта.
Ова се случи многу брзо, во многу краток временски период што не можеше да се предвиди. Дури и со радарот, ние – нашиот тим постојано ги прегледуваме радарот, постојано ги имаме NWS, пораките од нашата Национална метеоролошка служба. Ги испраќаме редовно и комуницираме ефикасно. Ова не е како торнадо каде што можете да имате сирена. Ова не е како ураган каде што планирате со недели однапред, знаете, удри, удри силно. И вакви работи се случуваат во многу стратешка, многу изолирана област. И кога тие две работи се споија, се случи она што се случи денес. Значи, ова се случи во рок од помалку од два часа многу, многу брзо, изјави Далтон Рајс, од градската управа.
На социјалните мрежи расте бројот на апели од роднини кои трагаат по своите најблиски, додека целата заедница се надева на чудо.
Александар Петрески