Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ денеска ги почнуваат преговорите за поддршка на локалните избори. Премиерот вчера рече дека ќе ги чујат предлозите од коалиционите партнери, ќе дадат и свои, по што одлуката ќе биде донесена на седница на Извршниот комитет на партијата. Димитриевски веќе најави дека ќе се кандидира за втор мандат во Куманово, ќе имаат свој кандидат и за скопски Центар, но и во повеќе други општини.

Министерот Перински не сакаше да потврди како ќе настапат во Центар, велејќи дека, процесот ќе се затвори за многу кратко време, а беше воздржан и за неофицијалните информации дека в недела, актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ќе добие поддршка за кандидатура за градоначалник на Скопје, за која и тој се спомнуваше.

„Оваа информација ја немам. Очекувано е во недела да се соопшти името и на кандидатот за Град Скопје, сите кандидати ќе ја имаат мојата поддршка“, изјави Перински.

Заемна поддршка ќе има и со „Вреди„ но каде поточно, сè уште не се открива. Тетовскиот градоначалник не сакаше да открие дали се работи за Тетово и за Гостивар, велејќи дека такви разговори немале затоа што уште немаат договор ни во коалицијата за конкретни имиња.

„Ќе има соработка, но ќе се конкретизира во следниот период. Но „Вреди„ уште нема определено кандидати каде и кого ќе кандидира, за да можеме да ја финализираме и соработката“, изјави Билал Касами од „Вреди“.

Неофицијално, Касами повторно ќе се кандидира за Тетово, а Висар Ганиу за Чаир. СДСМ досега објавија 30 кандидати.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе