Овие фактури почнаа да се испорачуваат, по договорот на Регулаторна комисија за енергетика со Електродистрибуција, откако се увиде дека за навремено читање на мерните уреди компанијата ќе треба да инвестира околу 10 милиони евра во возила, опрема и кадар. Трошок кој потоа може да го приложи при носење на нова одлука за цена на струјата.
Па, така падна одлука наместо тоа, домаќинствата да добиваат водич со фактурата како се прави тоа и како се можат да ги пријавата податоците за своето броило.
Пред извесно време од Електродистрибуција најавија дека и во сметките за јули домаќинствата ќе имаат увид и колку од потрошената струја им е исчитана, а колку им е паушално пресметано.
Состојбата со паушалните сметки ескалираше зимава, кога доста граѓани се пожалија на високи фактури. Тогаш РКЕ побара од Електродистрибуција да направи проверки и да испорача нови.
Поплаки стигнаа и до Регулаторна и до компанијата. Но, од ЕВН уверуваат дека бројот на жалби оваа зима бил помал во однос на претходната.