Вести Свет Топ вести

(ФОТО) Без доволно храна и вода, морето е единствено разладување за луѓето од Појасот Газа

Децата се капат во морето покрај плажата Кан Јунис во Појасот Газа за да се ослободат од летната горештина. Во истовреме, нивните родители се загрижени за намалувањето на резервите на вода за пиење и појавата на кожни заболувања.

Основните залихи, како и храната се пооскудни. Живеат без електрична енергија во шаторски населби покрај брегот, па немаат друг избор освен ладните води на морето.

  • „Шаторот е апсолутно неподнослив, жешко е како оган поради високата температура. Како да ви опишам низ што минуваме? Ги носам децата секој ден за да се оладат во морето поради жештината. На телата на децата има полно осипи поради жештината и мувите“ – Абдел Рахман Абу Теир, раселено лице.

  • „Моментално живееме покрај плажата, како што можете да видите, сите луѓе бегаат од шаторите и седат покрај морето. Дури и сега, ако некој сака да вода за туширање, нема чиста вода за користење во бањата, ниту за пиење. Се тушираат со морска вода и си лежат. После тоа, на кожата се формираат дамки“ – Мурад Кудих, раселено лице.

Поради немањето на чиста вода за пиење и руинирана санитарна мрежа населението во Појасот Газа е во опасност од серија заразни болести, предупредуваат хуманитарците. Во јунскиот извештај се вели дека дури 93% од домаќинствата се соочуваат со недостиг на вода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе