Во сообраќајна несреќа загина напаѓачот на Ливерпул и португалската репрезентација Диого Жота, објавија шпанските медиуми. Покрај 28-годишниот Жота, во несреќата починал и неговиот помлад брат Андре, кој исто така беше професионален фудбалер.
Несреќата се случила ноќеска во шпанската провинција Замора, кога „Ламборгини“ во кој биле браќата излетал од патот и се запалил. Жота пред само десет дена со оженил со својата долгогодишна партнерка Руте Кардосо, со која доби три деца.
Жота бил на одмор, откако му помогна на Ливерпул да ја освои 20. шампионска титула во тукушто зваршената сезона. Жота со Ливерпул играше во финалето на Лигата на шампионите во 2022 година и освои и ФА куп и Лига куп. Во дресот на Португалија запиша 49 настапи и 14 голови, освојувајќи ја Лигата на нации 2019 и 2025.