Вести Економија

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Македонија може да се фокусира на на зајакнување на домашните темели на економскиот раст, вели Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово, кој заминува од земјава. Тој потенцира дека земјава не може да влијае на надворешните шокови како што се геополитичката фрагментација или текот на глобалните цени на стоките, но верува во посилни реформски напори.

-Посилните реформски напори, особено во зајакнување на управувањето со јавните финансии, човечкиот капитал, енергетиката и дигитализацијата претставуваат темелна инвестиција во долгорочната патека на раст на земјата, вели во интервју за МИА Паолучи.

Паолучи посочува дека давањето приоритет на сите овие реформи ќе биде од суштинско значење за одржување на растот и градењето на поотпорна и поконкурентна економија.

Тој порачува дека емиграцијата и стареењето на населението влијаат врз пензискиот систем, а според Извештајот за јавни финансии на Светската банка за 2024 година, се очекува во 2053 година бројот на пензионери да го надмине бројот на вработени.

Препораката на Паолучи е широк консензус од сите засегнати страни и разгледување на опциите за индексирање на пензиите со инфлацијата за да се сочува куповната моќ на пензиите, постепено зголемување на пензиските придонеси со истовремено зголемување на усогласеноста и намалување на сивата економија, постепено зголемување на возраста за пензионирање и воведување програми на пазарот на труд за преквалификација на постарите лица кои се способни да работат и алтернативни мерки за зголемување на приносите од инвестициите на пензиските фондови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се оценува обвинителниот акт за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Изгоре семејна куќа во населбата Трајаново Трло, гореше фабрика за изолациски материјали од стиропор во Кочани

Дејан Дејан

Колку се безбедни пешачките зони?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе