Вести Македонија Најважни

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Oд денеска до средината на следната седмица, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Институтот за јавно здравје деновиве излезе со препораки за заштита на повозрасните од топлото време.

Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капа со висок свод и широк обод и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце. Да се пие повеќе од вообичаено и да не се чека додека не се почувствува жед за вода. Алкохолните пијалаци да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин, но и екстремно ладните. Доколку лекарот им има поставено некои ограничувања за внес на течности, да се консултираат со него.

Се препорачува да се избегне користење шпорет, рерна и слични уреди од 11 до 17 часот.

– Хроничните болни, посебно оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија, нагласуваат од ИЈЗ.

За сите промени во здравствената состојба, како што се истакнува, задолжително да се консултира избраниот матичен лекар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 2 милијарди евра заем за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64, 7 отсто

Дејан Дејан

Се оценува обвинителниот акт за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Изгоре семејна куќа во населбата Трајаново Трло, гореше фабрика за изолациски материјали од стиропор во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе