Вести Свет Топ вести

Неколкумина избодени во близина на трговски центар – напад со нож во центарот на Тампере

Неколку луѓе се избодени со нож денеска во близина на трговски центар во финскиот град Тампере, соопшти полицијата. Полицијата објави дека е уапсено едно лице и оти инцидентот повеќе не претставува опасност за останатите.

Повредените добиваат прва помош, додадоа полициски извори, без да наведат детали за природата на повредите, ниту за сторителот.

Јавната ТВ куќа YLE  јавува дека сообраќајот во центарот на Тампере, град на 180 километри северно од Хелсинки и трет најголем во Финска, е во застој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе