Вести Македонија

Костадинов го замрзна членството во СДСМ откако Филипче го извиси за Струмица

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче презентираше неколку имиња за кандидати за градоначалници на престојните локални избори. Па така, во Охрид кандидат ќе им биде д-р Асен Шајн, а во Струмица кандидат ќе биде Маријан Даскаловски. Ова значи дека Костадин Костадинов извиси и нема да добие шанса за нов мандат. „Во следните две недели, две третини од кандидатите за градоначалници ќе бидат потврдени од Извршниот одбор. Очекувам ова да биде процес кој ќе значи сплотување а не поделба на партијата“, рече Филипче. Час по одлуката на партиајта, се огласи и актуелниот струмички градоначалник и порача – „Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега.Ова не е крај.Ова е моментот кога човекот мора да зборува чесно, и од срце.Во изминатите 11 години, од 2013 наваму, не изгубив ниту едни избори. Во сегашната политичка слика, мојата кандидатура – од било која партија – е бесмислена.Не затоа што се плашам од пораз.Јас не знам што значи да изгубиш избори.Туку затоа што нема вистинска понуда за градот, стои во написот на Костадинов на неговиот фејсбук профил.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со 2 милијарди евра заем за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64, 7 отсто

Дејан Дејан

Се оценува обвинителниот акт за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Изгоре семејна куќа во населбата Трајаново Трло, гореше фабрика за изолациски материјали од стиропор во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе