Вести Македонија Топ вести

Колку се безбедни пешачките зони?

Едниот на пешачката патека во Центар, другиот на улицата „Шар Планина“ во Ѓорче Петров. За два дена во Скопје двајца пешаци загинаа откако беа прегазени со мотоцикл. Јавноста бара одговори, а надлежните лоцираат прекршоци.

„Треба малку повеќе ангажираност полиција да има, да ги следи овие случки стварно е катастрофа што се случува и жалосно“, вели граѓанка.

„Сите треба да ги почитуваме знаците, а зошто не ги почитуваме е посебно прашање“, вели граѓанин.

„И возат брзо и не внимаваат, затоа пешаците мора да внимаваат поради тоа што возачите не внимаваат“,  вели граѓанин.

Во јуни се случиле 27 сообраќајни несреќи со мотоцикл.  Две биле со материјална штета, 15 со телесни повреди, девет со тешки телесни повреди и една со смртни последици.

А за возење без кацига, дозвола и регистрација за шест часа МВР санкционирало 429 возачи на мотоцикли.

„Од нив, 267 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 83 возеле без возачка дозвола, 12 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава. За време на контролата санкционирани се и 189 други видови на сообраќајни прекршоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови“, вели Гоце Андреевски, портпарол на МВР.

Од републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата апелираат до мотоциклите да не возат на места каде е забрането и да ги почитуваат сообраќјните правила и прописи.

„Сите ние сме учесници во сообраќајот и сите ние сме потенцијална жртва на сообраќајот . Затоа апелираме да бидеме внимателни, доколку сите ние сме внимателни, концентрирани, одморени , ги почитуваме правилата и прописите ќе бидеме тогаш 100% целосно безбедни во соораќајот“, вели Дејан Андоновиќ од РСБСП.

За случајот во кој животот го загуби 68 годишник откако во него удри мотор а возачот избегал, од мвр велат дека тој и е познат на полицијата и кога ќе биде пронајден ќе биде приведен. Од општина Центар го осудуваат инцидентот и бараат сторителот веднаш да биде пронајден. Додаваат дека во повеќе наврати од МВР побарале засилено присуство на полиција низ улиците во Центар за регулирање на  сообраќајот и намалување на хаосот.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе