Измените што сега ги предлагаат е како една фамилијарна фотографија на тој политички картел што, еве, се обелоденува на најдиректен начин. Четирите најголеми партии некако се договараат, многу успешно, како да нè исфрлат надваор и тие си ја тераат играта без проблем и супер се синхронизирани, вели Јане Димески од „Шанса за Центар“ во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„Претседателот на Уставниот суд многу беше јасен во појаснување на одлуката. Тие одат спротивно на тоа., со цел памет, и наметнуваат уште повисок праг. И гледате дека тука не може да се апелира на некаква совесност“, нагласи Димески.
Според него, „Шанса за Центар“ ќе нема проблем со собирање на потребниот број на потписи за кандидирање на независни листи.
„Минатиот пат добивме информации дека списоците веднаш биле дистрибуирани до партии, итн., дека се знаело кој за кого се потпишувал“, додаде Димески.