Министерството за енергетика ќе остане во минус за уште 2,1 милион евра, од парите што требаше да ги добие за спроведувањето на реформската агенда од Планот за раст на ЕУ.
При евалуацијата на проектите спроведени до декември 2024, година енергетика добила негативна оценка од Брисел, со што државата нема да може да ја добие наградата од 2,1 милион евра, дознава Телма.
Дополнително, како што објавивме, Министерството за енергетика не успеа да ги спроведе и реформските обврски до крајот на јуни, со што најмалку за една година државната каса за реформски проекти поддржани од ЕУ, ќе остане празна за уште 10 милиони евра.
На евалуацијата на обврските спроведени до декември минатата година, негативна оценка за дел од проектите доби и министерството за финансии, со што се соочува со намалување на предвидената награда од 4,2 милиони евра.
За реформските обврски до декември лани, Македонија требаше да добие 17 милиони евра, а за оние чиј рок беше јуни годинава – 70 милиони.
Но три министерства со непочитување на јунските роковите, засега ја оставија реформската каса празна за околу 40 милиони евра.