Вести Свет Топ вести

Трамп: Израел се согласи на условите за прекин на огнот во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел ги прифатил „неопходните услови“ за постигнување 60-дневен прекин на огнот во Газа. Според него, Катар и Египет ќе го достават финалниот предлог за договорот, кој треба да доведе до крај на војната.

„Се надевам дека Хамас ќе го прифати договорот, бидејќи подобра понуда нема да има – само ќе биде полошо“, порача Трамп преку платформата „Truth Social“. Израелскиот амбасадор во ОН, Дани Данон, изјави дека Израел е „апсолутно подготвен“ за примирје, но останува неизвесно дали Хамас ќе ги прифати условите.

Тој додаде дека „војната ќе заврши кога сите заложници ќе бидат вратени дома“, посочувајќи дека Хамас и натаму „игра тврдо“. Договорот доаѓа во пресрет на планираната средба на Трамп со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху следната недела, на која Трамп најави дека ќе биде „многу цврст“ во својот став.

Израел бара целосно разоружување на Хамас, додека палестинската страна инсистира на траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските сили од Газа.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе