Вести Македонија Топ вести

Моторциклист, кој бегал од полиција, усмрти пешак на пешaчка патeка во центарот на Скопје, полицијата го фати само совозачот

-Југослав фрлал ѓубре на улицата и си одел пешки тука и го удира мотор од зад грб, значи ова е убиство зад грб, изјави Бојан Бошковски, зет на жртвата

Излегол на улица и смртно бил прегазен под прозорецот на станот каде живеел. Ваква судбина доживеа 68 годишник, кој вчера го загуби животот на пешачката патека на кејот на Вардар. Според информации на роднините на моторот имало две лица, кои бегале од полиција.

Соседите вознемирени од трагедијата и загрижени за безбедноста, упатија апели но и критики до надлежните.

-Навистина е крајно време да се направи еден притисок врз официјалните лица ако може да се забранат мотори и возила посебно во овој дел на паркот.Затоа што тука не само повозрасните луѓе и дечињата играат и навистина е трагично што мораме во 21 век да говориме за вакви настани кој навистина не потресоа сите, осбено нас соседите кои што живееме во оваа маало и кои што се трудиме колку толку да го задржиме мирот во овој дел на Скопје, вели сосед на жртвата.

-Чичко Југослав го загуби својот живот од немарливост на институции и од немарливост по постапување по давање на сигнали затоа што не се спазуваат правилата на движење во печачка заона. Го загуби животот точно под сопствениот прозор, таму каде што живеел цел живот, таму каде што си ги одгледал децата таму каде што требаше да се радува уште долго време на сопствените внуци, вели соседка на жртвата.

Од МВР велат дека по несреќата мотоциклистот избегал а неговиот сопатник се здобил со телесни повреди.

За време на снимањето камерата на Телма забележа неколку возила кои поминаа токму на пешачката патека, што значи дека лекциите не се научени.

Симона Петровска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе