Вести Свет

Топлотен бран ја гори Европа

Најголемиот дел од Европа е под некакво ниво на предупредување поради топлотниот бран кој го зафати континентот, и кој се очекува да ги собори рекордите за највисоки температури во овој период од годината, особено во западните и јужните делови на Стариот континент.

Пиринејскиот полуостров веќе го забележа најтоплиот јуни откако се води статистика во земјата.

Мора да останете внатре, како во бункер, затемнети и затворени прозорци, вклучен климатизер, и тоа е. Така ги поминувате деновите, вели жителка.

Дури 84 од 96-те француски департменти се под портокалова фаза. Поради прогнозираните 40 степени во западните и јужните делови, француските власти им препорачуваат на луѓето да конзумираат вода и по можност да не излегуваат надвор од дома во најтоплиот период од денот.

 

Во оваа фаза, и очигледно дека ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и во следните денови, 200 од 45.000 во Франција училишта ќе бидат делумно или целосно затворени понеделник, вторник и среда. Тоа е показател дека координацијата се одвива добро и ќе се потрудиме за да остане така, вели Елизабет Борн – Министер за образование на Франција

Топлотниот бран им ги расипа плановите и на туристите.

 

Имавме распоред за патувањево, но моравме да ги поделиме активностите на утрински и попладневни, бидејќи имаме повозрасна личност со нас и во средината на денот мораме да најдеме место да седнеме, да пиеме вода, бидејќи е тешко да останете на отворено, Паоло Лондоно – турист од Колумбија

Спас од горештините се плажите и базените, но и таму водата е веќе затоплена.

 

Температурата на водата е околу 27 степени. -Да, навистина е топла. Но, попладне може да достигне 28, 28,5 степени, Филип Секулоски – Спасувач на плажа, Порторож, Словенија

Таму каде што нема плажи, сенката и течностите стануваат уште поважни.

Најдобро е да се седи под сенка и навреме да се конзумира пијалок, понекогаш и пиво. -Не мислат на тоа кога велат да се конзумираат течности. -Да, но тоа подобро навечер., пензионер

За разлика од Европа температурите на Балканскиот полуостров последните два дена опаднаа за неколку степени, но се прогнозира нивно повторно искачување во следните неколку денови.

Игор Трајков

https://youtu.be/AvYtIxYW4Nc

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе