Месец јули ќе го отпочнеме со стабилно, сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во постепен пораст.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21°C, а максимумот од 31 до 38°C.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/