Вести Свет

Со врвна технологија и соодветна опрема италјанските пожарникари на терен

Големите топлотни бранови низ јужна Европа ги зголемија температурите над 40 Целзиусови степени во земји, вклучувајќи ги Италија, Шпанија и Грција, а локалните власти издадоа нови предупредувања за ризикот од пожари.Горат хектари шума, се евакуира наеселение, се гасне и од небо и од земја.  Но како се справуваат со пожарите европските земји? Врна технологија, обучен, соодветна опрема..

 

Во војската останувате пилот одредено време, а потоа сте принудени да преземате други задачи, додека ние сме тука систематски, некои од нас се тука 20/25 години, па можете да замислите какво искуство стекнало еден капетан од 25 години, а не мислам дека многумина го имаат тоа искуство, изјави Марко Аморт, пилот на „Канадер“, задолжен за летовите на „Авинсис“

Авионот за гаснење пожари „Канадер“ вешто маневрира околу ридовите околу Езерото дел Салто, вештачко езеро североисточно од Рим. Авионот одеднаш се спушта надолу, слетува на површината и собира 6.000 литри вода за само 12 секунди. Член на персоналот ја одредува на мапа на екран позицијата на флотата на „Канадер“ на аеродромот Чампино, друг член го проверува леталото, се испитува дијаграм на текот на операциите.

Имаме две сонди, по една по резервоар, тоа се доводите што овозможуваат водата да тече внатре, кога пилотот ќе ја допре водата, тој повикува на „спуштање надолу“ и овие црпалки, по една по резервоар, излегуваат, и ова е местото каде што се внесува водата, изјави Валерио Де Мартино, главен инструктор

Италјанските пилоти велат дека во споредба со оние на другите европски земји, имаат технологија во пилотската кабина која е многу напредна. И дека работат на комбиниран систем со употреба на дронови.

Работиме на комбиниран систем со употреба на дронови, пилотирање со далечинско управување, што ни овозможува да ги мапираме изгорените области или оние кои се изложени на ризик од пожари, а потоа да ги пренесеме на таблет и да им ги дадеме на оние кои се задолжени за операциите, вели Марина Малинонико.

Европската Унија нарача 12 нови авиони „Канадер“ што ќе бидат доставени до шесте главни земји кои се погодени главно од пожари, со договор дека кога ќе биде потребно, овие земји ќе ги испратат авионите до други на кои им е потребна помош.

Кристина Кузмановски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе