Десетгодишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве крај Тревизо во Италија. Итгалијанските медиуми јавуваат дека девојчето се капело во реката заедно со нејзините браќа и сестри. Околу 16 часот скокнало во водарта, но не излегло на површина поради силната струја што го повлекла и сокрила од видик.
„На повикот беа ангажирани 20-тина пожарникари од засебните единици во Монтебелуна и Тревизо, како и специјалци за нуркање и водни интервенции, дрон и хеликоптер од Венеција, како и карабинери. Поради непредвидливата струја, спасувачката операција беше исклучително тешка. По потрагата која траеше околу два часа, нуркачи се пронајдоа телото на девојчето меѓу карпи во реката и го извекоа на површина. Лекар на итната медицинска помош констатира смрт“, објави „РАИ њуз“.
Смтоносно давење во Пјаве имало и пред десетина дена, кога животот го загуби 21-годишно машко лице со потекло од Венецуела.