Вести Македонија Најважни

Брисел и Софија со различен став за обврските на Македонија

Брисел и Софија со различно толкување кои се обврските на Македонија на патот кон ЕУ. Ова денеска го изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, коментирајќи го барањето на бугарскиот премиер, Росен Жељазков до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да им пренесе на македонските политичари дека Бугарија нема да бара од земјава ништо надвор од тоа што е содржано во Преговарачката рамка, Договорот за добрососедство и Протоколот. Според него најголем проблем е што унилатералната интерпретација на сите тие документи од страна на Бугарија се презентира како позиција на Европската унија.

„Кога ги слушаме високите претставници од Брисел, викаат спроведувајте ги уставните измени. Кога ги слушаме претставниците од Бугарија, викаат – уставните измени, Преговарачката рамка, Протоколите. Ова значи дека не е истиот став. Ние викаме дека ако се инсистира на сите овие што инсистира Бугарија, вклучувајќи и вториот Протокол, тоа е голем ризик, оти ако внимателно го читаме Протоколот гледаме дека таму се е билатерализирано оти сите чекори во индина многу лесно можат да бидат претворени во блокади“, вели Муртезани.

Според Муртезани земјата не се плаши од нови барања, но тие да не бидат билатерални, односно да не го билатерализираат и блокираат процесот. Македонија, вели Муртезани сака предвидливост на процесот и подготвена е на дијалог за откочување процесот.

Муртезани во отечетот на првата година од своето министерување зборуваше и за реформската агенда и Планот за раст. За тоа што дел од министерствата, како министерството за економија, за енергетика, за правда не го исполни рокот за носење на законите предвидени со Реформската агенда, а која Македонија ја доставила до Европската унија со рок за реализација 30 јуни рече дека треба да се почека до крајот на денот да се види дали нешто ќе се смени и ќе биде од институциите дополнето како исполенет чекор.

„Тоа што претходниот пат беше како слабост, значи сите насоки за финализирање на чекорите стигнаа, буквално, после крајниот рок на спроведување на реформите. Сега има малку појасна слика, меѓутоа појасната слика значи дополнително покомплексен процес. Тоа што се гледа од сега, дека процентот на имплементирање со реформите јуни ќе биде малку понизок од тој што беше во декември“, вели Муртезани.

Муртезани сепак смета дека тоа нема да ги блокира средствата кои треба да ги добие Македонија од Планот за раст. За реализација на овие реформи Македонија има дополнителни 12 месеци. Инаку тој информираше дека прелиминарните информациите кои ги добиле од Европската комисија се дека во целиот регион исполнувањето на реформската агенда се движи меѓу 50 и 60 проценти.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична за директорот на „Национален парк Маврово“ – штета над 3 милиони денари

Дејан Дејан

92-годишен маж прогласен за виновен за силување и убиство кое го извршил пред 58 години во Бристол

Дејан Дејан

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе