Вести Свет

92-годишен маж прогласен за виновен за силување и убиство кое го извршил пред 58 години во Бристол

92 годишен маж беше прогласен за виновен за силување и убиство на жена од Бристол, во случај кој не бил решен речиси шест децении.

Луиза Дан, на возраст од 75 години, била пронајдена задавена во дневната соба на својата куќа од една нејзина сосетка, на 28-ми јуни, 1967-та година.

Рајланд Хедли, од градот Ипсвич, кој претходно веќе бил осудуван за силување, беше прогласен за виновен за ова убиство денеска, по судскиот процес во Бристол.

Инспекторот Дејв Маршант изјави дека Хедли, кој бил во 30-тите години од својот живот кога ја убил Луиза Дан, бил сексуален предатор, додавајќи дека и неговите останати кривични дела биле многу слични.

Казната на која ќе биде осуден 92-годишникот ќе биде објавена утре.

Хедли бил поврзан со убиството на Луиза Дан во 2023-тата година, кога проверката на случајот открила нови ДНК докази.

Британските медиуми проценуваат дека станува збор за најстариот нерешен случај во Велика Британија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе