Вести Свет

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза за воведување царини за повеќето земји по 9 јули, кога истекува рокот за преговори што го одреди.

Тој нагласи дека неговата администрација ќе ги извести земјите дека трговските казни ќе стапат во сила доколку не биде постигнат договор.

Трамп за Фокс Њуз изјави дека известувањата за воведување царини на земјите со кои нема да се постигне договор ќе почнат да се испраќаат „прилично брзо“, како што се приближува наведениот рок за постигнување договори.

Ќе погледнеме како земјата се однесува кон нас, дали нè третира добро, или не толку добро. Некои земји не нè интересираат, само ќе испратиме голем број писма, рече Трамп.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе