Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Израел и Хамас да постигнат договор во Газа со цел враќање на заложниците киднапирани на 7 октомври.
„Направете договор во Газа. Вратете ги заложниците“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Објавата дојде неколку часа откако Трамп по вторпат ги повика израелските обвинители да го затворат случајот против премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху, велејќи дека тој „моментално е во процес на преговори за договор со Хамас, кој ќе вклучува враќање на заложниците“.