Вести Македонија Најважни

Пациентка со рак на бели дробови се жали дека за неа нема терапија на Онкологија

Рак на белите дробови во 4-ти стадиум и дијагностицирале на 64-годишна скопјанка. И препишале 4 хемотерапии во борбата со страшната болест. На 28-ми мај на онкологија ја примила првата хемотерапија. Втората терапија и била закажана на 18-ти месецов. Но, кога отишла на клиниката и рекле терапија за неа нема.

Оттогаш се поминати 11 денови. Наместо да се радува на внучето, кое има година и половина, таа сега чека да и јават дали ги набавиле потребните лекови за нејзиниот тип на канцер, а и самите доктори и кажале дека максимално, примањето на терапија може да се одложи за една недела.

На 18.06 ми беше закажана втората терапија. Поточно од вечерта се спремаш за да можеш да ја примиш терапијата. Меѓутоа првата терапија ја примив. Втората чекам да ми се јават затоа што ми рекоа немаат лекови за хемотерапија. До ден денес значи веќе две недели е поминато, уште немам извештај ниту некој ми се јавил и ми кажал што е проблемот. До седум дена не би имала проблем, е сега ни јас не знам што би требало понатака да се прави. Никој не ми се јави да ми објасни, ниту ми се јави да ми каже дали има некоја замена што треба да се прави. Едноставно чекам дали ќе добијат кога ќе добијат, вели пациентката. 

Пензионерката не сакаше да си го открие ликот и идентитетот пред камерата на Телма од страв дека потоа може да има проблеми во процесот на лекување.

А целиот свој работен век, како што вели, плаќала здравствено осигурување.

Веќе сум пензионерка значи скоро 35 години, па и повеќе, цел живот плаќам здравствено осигурување, додава таа.

Министерот за здравство Азир Алиу на прашање на Телма на денешната негова прес конференција зошто нема терапија за дел од пациентите на Онкологија вели дека разговарал со директорот на клиниката и дека терапијата е набавена, но не беше сигурен дали има за сите пациенти.

Мислам дека терапијата не само што е стигната, туку е и процесуирана. Значи дадена е на пациентите. Но, во понеделник дозволете ми да се сретнам со диркторот и да видам можеби дел од некои од елементите внатре во терапијата дали се стигнати или не, тоа не можам да ви кажам денеска немам информација, рече Алиу.

Директорот на Онкологија, Игор Стојковски пред два дена во интервју за МИА изјави дека во моментов, лековите се достапни за пациентите, но постои можност повремено да се појави недостиг, како резултат на фактори кои се надвор од контрола на клиниката.

Тие фактори, како што наведе се, зголемен број на пациенти, административни процедури поврзани со јавните набавки, како и доцнење во испораката од страна на производителите или дистрибутерите.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Одложено судењето на Нетанјаху поради дипломатски и безбедносни причини

Дејан Дејан

Орбан го обвини Брисел за „одвратната“ Парада на гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе