Вести Свет

Кремљ: Европските санкции нема да ја принудат Русија на преговори

Кремљ инсистира дека планираниот 18-ти пакет санкции на ЕУ нема да доведе до крај на руската воена агресија против Украина, пренесе ДПА.

Само логиката и разумните аргументи можат да ја доведат Русија на преговарачка маса. Невозможно е Русија да се принуди преку каков било вид притисок или насилство, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руската државна телевизија.

Песков изрази уверување дека новиот пакет санкции што го бара ЕУ на крајот ќе биде усвоен и покрај противењето на Словачка. Сепак, тој рече дека колку мерките за казнување се построги, толку посилен ќе биде отпорот против нив.

Санкциите, рече Песков, се „меч со две острици“. Москва често тврди дека самата ЕУ ќе страда уште повеќе од санкциите, на пример со откажување од руски суровини и енергија.

Минатиот петок, усвојувањето на 18-от пакет санкции на ЕУ првично не успеа поради отпорот на Словачка. Новото гласање е одложено на неодредено време.

Според Песков, Русија ги смета санкциите за нелегални.

Очигледно, по речиси четири години, развивме одредена отпорност. И веќе научивме како да го минимизираме влијанието на ваквите пакети, рече тој.

Санкциите на ЕУ се првенствено насочени против руската економија и имаат за цел да ја лишат земјата од финансиски средства за да ја продолжи својата војна против Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе