Вести Свет

Конститутивната седница на косовското Собрание прекината по 39-ти пат

Конститутивната седница на косовското Собрание денеска беше прекината по 39-ти пат, откако пратениците не го усвоија предлогот на движењето Самоопределување да се гласа за нивниот кандидат Аљбуљена Хаџи за претседателка на собранието, на тајно гласање.

Најстариот пратеник во собранието, Авни Дехари, кој ја води конститутивната седница, ги повика ДПК, ДСК, АБК и Српска листа да предложат членови кои ќе ја сочинуваат Комисијата за следење на тајното гласање за избор на претседател на собранието, но тие тоа не го сторија ниту денеска.

Потоа Дехари ги повика пратениците да гласаат за предлогот за тајно гласање за избор на претседател на Парламентот, по што 53 пратеници гласаа за предлогот, немаше воздржани, ниту гласови против, што не беше доволно за предлогот да биде усвоен.

Дехари ја закажа седницата за нов обид за конституирање на парламентот за вторник во 11 часот.

Косовскиот Уставен суд во четвртокот донесе пресуда според која пратениците се должни да ја завршат конститутивната седница најдоцна во рок од 30 дена, со избор на претседател и потпретседател.

Дополнително, судот утврди и дека седницата што започна на 15 април и нејзините досегашни продолженија не се спроведени во согласност со Уставот.

Констутивната седница започна на 15 април, а врз основа на резултатите од изборите одржани на 9 февруари, ниедна партија нема доволно мандати за самостојно да формира влада.

Самоопределување има 48 мандати, Демократската партија на Косово 24, Демократскиот сојуз на Косово 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата Нисма осум, Српската листа девет, Партијата за слобода, правда и опстанок еден, а преостанатите 10 мандати им припаѓаат на претставници на другите немнозински заедници.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рекордно високи температури во Шпанија

Дејан Дејан

Кремљ: Европските санкции нема да ја принудат Русија на преговори

Дејан Дејан

Украина се повлече од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе